Доколку головите и асистенциите се критериум за „Златната топка“ – Роналдо би бил губитник

175

Лионел Меси ја освои седмата „Златна топка“, сега има две повеќе од Кристијано Роналдо.

Најголем губитник е полскиот напаѓач, Роберт Левандовски, според многумина признанието оваа година требаше да му припадне нему. Минатата година исто така ја заслужи „Златната топка“, но церемонијата не се одржа поради Ковид-19.

Странските медиуми направија интересен поредок. Доколку критериумите за освојување на наградата се вкупните голови и асистенции, Меси би имал повеќе признанија.

Од 2008 година до 2021 година, Аргентинецот би имал девет „Златни топки“, Роналдо би бил пократок за две, додека Левандовски оваа награда би ја освојувал двапати во последните две години.

ПретходноБлатер „ја откри Америка“: Ждрепката лесно се мести со „топли“ и „ладни“ топчиња (ВИДЕО)
СледноСилекс со службени бодови од мечот со Велешта