Германскиот стручњак Ралф Рангник пред две недели го презеде Манчестер Јунајтед и полека се обидува да ги спроведе своите фудбалски замисли на „Олд Трафорд“, а на површина исплива и неговиот карактер.
Фудбалерите со кои досега соработувале со него често пати го викаат „диктатор“, а тој веднаш покажа дека нема да толерира незадоволни ѕвезди во Манчестер Јунајтед. Реши се да пресече од корен, макар тоа било преку медиумите.
Прв се пожали францускиот напаѓач Антони Марсијал. Рангник преку медиумите добил информација дека е незадоволен од минутажата и дека може да си замине во јануари, а тренерот веќе му одговори.
Не комуницирам со фудбалери и агенти преку медиумите“, изјави Германецот.
„Не ми е гајле што им кажуваат агентите на новинарите. Нема да одам кај Марсијал и да го прашам за тоа. Самиот играч мора да дојде и да разговара со мене или со некој од претставниците на Манчестер Јунајтед кој одлучува за трансфер. Па нека дојде да ми каже се во лице. Нема да комуницирам вака“, рече новиот тренер на Јунајтед.
Претходно тој се судри со Пол Погба, истакна дека нема да убедува никој да остане во тимот.