Клисман Цаке: Струга ТЛ сака со победа против Ренова да ја заврши полусезоната!

208

Денеска во 13 часот на Градскиот стадион во Струга, домашниот тим на Струга Трим Лум ќе ја пречека Ренова во меч од 18.коло во ПМФЛ.Познато е дека овој натпревар требаше да се одигра во неделата, но поради снегот кој го покри теренот во Струга, истиот мораше да биде одложен.

Па така Струга ТЛ и Ренова денеска ќе ја завршат есенската полусезона.

Сите во таборот на Струга Трим Лум добро знаат дека за нив бодовите се многу важни, но и дека ќе играат против силен тим каков што е оној на Ренова.

За “Спортмедиа“ свој коментар има стоперот на Струга Трим Лум, Клисман Цаке.

Со овој натпревар ја завршуваме полусезоната, ја завршуваме годината. Не криеме дека имаме големи мотиви, ние сакаме со победа и три бода да ја завршиме полусезоната. Имаме против себе силен ривал, го респектираме составот на Ренова, сепак ние сме Струга Трим Лум, играме дома и ќе влеземе на овој натпревар со намера да го дадеме својот максимум. Оваа година генерално беше успешна за нас. Игравме во Европа летоска, сега се пласиравме во полуфиналето на Купот, така да убаво ќе биде сето тоа да го заокружиме со триумф над Ренова во последниот меч и да одиме на пауза во добро расположение“ изјави Цаке.

ПретходноУЕФА стана предмет на исмејување: Рускиот гигант со хит барање
СледноМЗТ Скопје во битка за второто место во АБА 2-лига