Битола утре ќе биде во центарот на вниманието. Во овој град се играат два големи дерби натпревари. Прво на стадионот „Под Тумбе Кафе“, Пелистер и Вардар ќе ги одмерат силите во четвртфиналето во Купот на Македонија, дуелот е закажан во 13 часот.
По оваа средба во салата „Боро Чурлевски“ на мегдан ќе излезат Е.Пелистер и Вардар 1961, во меч од Супер-лигата, победникот ќе запоседне на врвот на табелата и ќе пренесе максимален број на бодови во следната фаза.
Фановите на Битола се подготвени за двете средби, билетите за ракометното дерби беа распродадени за еден час, ќе биде полно и на стадионот, но таму ќе нема место за „Комити“, навивачите на „црвено-црните“, токму по овој повод се огласи на „Фејсбук“ страницата.
Велат дека за нив нема место „Под Тумбе Кафе“ поради изградба на стадионот, за кого самите бараа да се изгради, но не се откажуваат, ќе одат да ги бодрат ракометарите.