Лазаров и Нант испуштија шанса да го сопрат ПСЖ

180

Дербито во францускиот шампионат меѓу Нант и ПСЖ во рамките на 14. коло мина во знакот на гостите кои славеа со 29-30. Ова беше пресметка меѓу екс-македонскиот селектор, Раул Гонзалез и секогашниот предводник, Кирил Лазаров.

Тимот на Лазаров пропушти голема да шанса да ги сопре „светците“, кои се единствени без пораз, имаа водство во голем дел од мечот, но паднаа во финишот. Нашиот најдобар ракометар мечот го заврши со два гола од шест обиди.

Дуелот почна изедначено, водството постојано се менуваше. ПСЖ во овој дел имаше највисоки плус два 8-10, додека Нант водеше со 13-10, на одморот замина со еден гол позитива 12-11.

Нант успеа да ја стабилизира играта, Лазаров постигна важни голови токму во периодот кога домаќинот градеше нова посигурна предност, која изнесуваше три гола. Во 44. минута со два гола на Соле, ПСЖ се доближи на 22-21, но Нант одново стигна до највисоките плус три (24-21). Гостите со серија од 1-4 изедначија на 25-25 на 10. минути до крајот.

Дуелот влезе во незивесна завршница, Винсент Жерард беше одличен на голот, а ПСЖ успеа во последната минута да дојде до плус два (28-30). Немаше време за Нант да дојде до бод, па гостите го продолжија триумфалниот поход во француското првенство.

ПСЖ останува лидер со 13 победи, Нант има десет победи, реми и три порази, и засега останува на второто место на табелата.

ПретходноВицешампионот Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот
Следно42 гола! Левандовски се израмни со Герд Милер