Манчестер С. му нанесе катастрофа на Лидс Ј. каква што не памети во последните 87 години (ВИДЕО)

451

Фудбалерите на Манчестер Сити ја обезбедија најубедливата победа оваа сезона во Премиер лигата, откако вечерва на домашен терен славеа со 7:0 над Лидс Ј. во меч од 17. коло. Момците на Пеп Гвардиола потполно го уништија тимот на Марсело Биелса и во текот на сите 90 минути доминираа.

Во првото полувреме „граѓаните“ имаа предност од 3.0 со погодоците на Фоден, Грилиш и Де Бруин, а во вториот дел отидоа и чекор подалеку. Марез најпрво зголеми на 4:0, па следуваа и головите на Де Бруин, Стоунс и Аке за тотална бламажа на Лидс Ј.

Последен пат тимот од „Еланд Роуд“ бил вака посрамотен во 1966 година кога во меч од Лига Купот против Вест Хем загубил со 7:0. Во првенството последен пат пораз со седум гола разлика Лидс Ј. има претрпено во далечната 1934 година кога со 8.1 загубил од Стоук.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноЏерард и Астон Вила брзо им се вратија на победите (ВИДЕО)
СледноБез Пандев, Џенова славеше во Купот и прекина серија од 14 меча без победа