МЗТ Скопје во битка за второто место во АБА 2-лига

297

Македонскиот првак „балонот“ во Сараево го отвара против Хелиос, дуелот е прв на денешната програма (15 часот). Ова е битка за второто место на табелата во петото коло во АБА 2-лига. Двата тима имаат по седум бода, па победникот од оваа средба ќе застане зад лидерот Борец Бања Лука кој нема ниту еден пораз и по петото коло.

МЗТ Скопје на овој меч влегува по вториот пораз во домашниот шампионат од дебитантот Феникс.  Со Хелиос има историја од пет натпревари, три завршиле во корист токму на македонскиот тим, кој последен пат славел во јануари минатата година со минимални 69-70.

Двата тима имаат исто скор три победи и еден пораз, па сега е одлична шанса да направат чекор напред на табелата.

Покрај Хелиос, МЗТ Скопје во Сараево ќе ги одмери силите со Спарс и со Ловќен, тимови кои исто така се на првите шест позиции на табелата и се борат за подобар скор.

ПретходноКлисман Цаке: Струга ТЛ сака со победа против Ренова да ја заврши полусезоната!
СледноЗатоа е диктатор: Рангник спушти две ѕвезди на „земја“