Нов скандал: Јокиќ го растури Вашингтон, па заработи исклучувачка (ВИДЕО)

1050

Никола Јокиќ одново е во центарот на вниманието. Српскиот репрезентативец одигра одличен натпревар против Вашингтон за нова победа на Денвер (113-107), за жал не ги дочека последните шест минути.

Јокиќ не ги издржа ударите од страна на противникот, па целосно збесна, му се пушти на судијата со кого има историја, доби две технички грешки. Имаше приговори поради недосудена лична грешка, откако доби лакт во лице. Тој почна да му вика на судијата, по што следеше вистински хаос на теренот.

До моментот Јокиќ постигна 28 поени, 19 скока и 9 асистенции, сигурно мечот ќе го завршеше со трипл-дабл, но беше спречен од судијата.

Кливленд – Мајами 105:94
Индијана – Голден Стејт 100: 102
Торонто – Сакраменто 124: 101
Атланта – Хјустон 126: 132
Бостон – Милвоки 117:103
Мемфис – Филаделфија 126:91
Далас – Шарлот 120: 96
Денвер – Вашингтон 113: 107
Л.А. Клиперс – Феникс 111: 95

ПретходноГалијани: Ибрахимовиќ за малку ќе го истепаше Алегри
Следно„Комити“: Баравме да им изградат стадион, поради изградба не е дозволено да дојдеме!