Обамејанг остана и без капитенската лента

149

Тешки моменти за напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг. Клубот реши да му ја одземе капитенската лента, откако беше суспендиран изминатиот викенд. Тој не се појави навреме од патувањето во Франција, каде што бил со своето семејство, и беше изоставен од составот на Арсенал за мечот против Саутемптон и триумфот од 3:0.

Не тренира со екипата, и конечно, одземена му е капитенската лента. Ова е секако потег кој мора да влијае врз однесувањето на 32. годишниот напаѓач, кој има статус на голем звезда во клубот но и во целата Премиер лига.

 

ПретходноФутсал репрезентацијата ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора
СледноТолку од Кудијан и Муарем во Брегалница