Со голот на искисниот Томица Петров, тимот на Кожуф денеска успеа да слави на домашен терен со минимални 1:0 во заостанатиот меч од последното коло од есенскиот дел во ВМФЛ Исток.
Гевгеличани триумфираа над тимот на Братство во меч во кој доминираа и во кој не искористија неколку шанси за победата да биде поубедлива.
Од друга страна пак, екипите на Детонит Јуниор односно Осогово исто така го одиграа својот заостанат меч од ова последно 15. коло, а истиот заврши без голови 0:0.
Резултати:
Кожуф – Братство 1:0
Детонит Ј. – Осогово 0:0