МЗТ Скопје продолжи во победнички ритам во АБА 2-лига, по пресврт успеа да го совлада Хелиос со 94-88 и да се искачи на второто место на табелата во ова натпреварување. Македонскиот првак по пет кола има четири победи и еден пораз, и се наоѓа на бод зад лидерот Борац Бања Лука, кој нема ниту еден пораз.
„Се разбудивме во второто полувреме. Искрено во првото полувреме не го препознавав тимот, немавме никаква реакција, ниту скокот, ништо не беше добро, сите шутеви без изнудени. На полувремето излеговме како друга екипа, ја затегнавме одбраната, ја вративме вербата, внесовме енергија. Знаев дека ќе биде тешко, но ете успеавме да ја спроведеме нашата игра. Заслужено победивме“, изјави тренерот Дарко Радуловиќ.