Роналдо и соиграчите поради Ковид-19 нема да излезат на терен, стигна официјална одлука

310

И официјално дуелот меѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед во рамките на 17. коло во Премиер-лигата е одлижен поради пандемијата коронавирус, оваа информација и официјално ја потврдија од англиското натпреварување.

„Поради исклучителни околности, по барање на Манчестер Јунајтед и по инструкции од лекарските служби, решивме да го одложиме натпреварот кој требаше да се игра во Брентфорд од 19:30 часот“, се вели во соопштението објавено по полноќ.

Јунајтед ден порано ги прекина тренинзите со цел да го заштити тимот, како сите оние кои се дел од таборот на „црвените ѓаволи“, откако неколку лица беа позитивни на коронавирус. Од таборот на англискиот тим изјавија дека играчите кои играле против Норвич не биле заразени, па нема паника за ширење на овој вирус.

Од истата причина не се одигра ниту дуелот меѓу Брајтон и Тотенхем овој виекнд.

ПретходноЌе има ли фудбал денеска во ВМФЛ на истокот и западот?
СледноУЕФА стана предмет на исмејување: Рускиот гигант со хит барање