Силекс со службени бодови од мечот со Велешта

1370

Денешниот неоидгран меч од ВМФЛ Запад, поеѓу екипите на Велешта и Силекс ќе биде регистриран со службени 0:3, за гостите од Кратово.

Оваа одлука ќе биде донесена од страна на надлежните органи од ФФМ, затоа што ФК Велешта како домаќин денеска не обезбеди прикладен терен за одигрување на овој меч.

Како што е познато мечот веќе еднаш беше одложен поради обилни врнежи од снег во саботата, и презакажан за денеска. Му беше наложено на ФК Велешта да обезбеди услови на неговиот терен, или пак да пријави друг каде што ќе биде одигран меч но тоа не се случи. Услови во Велешта немаше за игра, констатирано од делегатот, судиите, органите на ФФМ, по што тие нормално е да донесат одлука за службени 0:3, за Силекс.

 

ПретходноДоколку головите и асистенциите се критериум за „Златната топка“ – Роналдо би бил губитник
СледноПелистер со хуманитарна акција за ранливите семејства