Тетекс триумфално низ Гостивар, Кораби и Охрид одиграа „нула“

784

Денеска во рамките од ВМФЛ Запад се доиграа заостанатите мечеви од 15. коло, а кои поради лошите временски услови изминатиот викенд не беа одиграни.

Веќе од претходно денеска беше познато дека мечот Велешта – Силекс не се одигра по втор пат, па автоматски според правилата на ФФМ, бидејќи домаќинот не обезбедил адекватен терен за игра мечот ќе биде регистриран со службени 0:3 за Силекс.

Од дрига страна пак, Тетекс со конечни 2:3 слвеше на гостувањето кај Гостивар. Стрелци за победничиот тим се Масевски, Ајдини и Јаневски. Победата можеше да биде и со два гола разлика но Демири во последните моменти од мечот промаши пенал.

Последниот меч од оваа есенска полусезона во ВМФЛ Запад се одигра во Дебар, каде што Кораби и Охрид Лихнидос одиграа 0:0.

Резултати:

Кораби – Охрид Лихнидос 0:0

Велешта – Силекс 0:3 (Служено)

Гостивар – Тетекс 2:3

 

ПретходноЦветаноски ја „расплака“ Ренова во судиското продолжение (ВИДЕО)
СледноПетров му донесе триумф на Кожуф