Предмалку тимот на Брегалница објави дека во иднина нема повеќе да смета на двајцата офанзивци, Андреј Кудија и Муарем Муарем. Клубот им се заблагодарува на досегашната соработка и им посакува многу среќа во иднина.
Со овој потег на управата на Штипјани започнува реконструкцијата на тимот за напролет кој има амбиција да се пласира што погоре на прволигашката табела.
„Минав прекрасен период во Брегалница, му благодарам на клубот за успешната меѓусебна соработка но пред мене сега се други предизвици поради што следи актуелната разделба“ – вели Муарем, кој без сомнение остави неизбришива трага во редовите на Брегалница изминатата една година која ја одбележа враќањето на „сините“ во елитното друштво.