За денеска од 13 часот закажани се сите пет натпревари во ВМФЛ – ЗАПАД и ВМФЛ – ИСТОК од 15.коло кои во саботата беа одложени поради лошите временски услови, односно поради фактот дека на нив беше невозможно да се игра.
Кожуф- Братство (Гевгелија) и Детонит – Осогово (Радовиш) на истокот, како и Велешта – Силекс (Велешта), Кораби – Охрид (Дебар) и Гостивар – Тетекс (Гостивар) на западот, треба да се одиграат денеска, а дали ќе се случи тоа останува да се види. Имено и натаму некои терени се критични, како во Велешта и Радовиш, но да се надеваме дека сепак ќе има услови сезоната да заврши. Во спротивно секое ново одложување нема да биде добро.
Инаку според правилата на ФФМ, надлежната комисија при федерацијата, во саботата ги одложи овие мечеви, но со препорака до домаќините, односно организаторите на овие натпревари, да си најдат алтернативни терени во случај нивните да не бидат во функција.