Новиот менаџер на Астон Вила, Стивен Џерард, призна дека ќе ја разгледа ситуацијата со пасошите за вакцинација на играчите пред да одлучи кого ќе го донесе во составот од Бирмингем.
Неодамна, голем број фудбалски тимови во Премиер лигата имаа проблеми со уште еден бран на Ковид-19, откако Тотенхем ги откажа натпреварите со Рен во Конференциската лига и Брајтон во Премиер лигата. Слична судбина го најде и Манчестер Ј. кој го одложи вечерашниот меч со Брентфорд.
„Исклучително сум импресиониран од работата на Јохан Ланг – спортскиот директор кој ги разгледува сите детали за конкретни играчи. Размислуваме длабоко за доведување нови играчи. При конечните одлуки секако ќе го земеме предвид и фактот за вакцинација“, рече Џерард.