Барселона својот европски пат ќе го продолжи во Лига Европа, откако на последниот меч во ЛШ беше поразена од Баерн. За противник во 1/16 финалето го доби Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Каталонците после 17 години во низа нема да играат во нокаут фазата во Лигата на шампиони, а за турбулентната сезона зборуваше Дани Алвеш.
„Мораме да се помириме со фактот дека ќе играме во Лига Европа. Го носиме дресот на Барселона и мораме да сториме се и да се покажеме во најдобро издание. Не е важен противникот кога го носите дресот на Барселона. Ова е клуб со историја и вредност, мора да дадете се од себе, без разлика дали пред вас стои камен“, изјави Алвеш.
Натпреварите ќе се играат на 17 и 24 февруари.