Барди промаши во пенал-рулетот, Леванте испадна од Купот

330

Леванте на нашиот репрезентативец Енис Барди доживеа елиминација во 2. коло од Купот на Шпанија, откако вечерва загуби на пенали на гостувањето кај Алкојано.

Во регуларниот дел од мечот резултатот беше 3:3, па откако немаше победник ниту по продолженијата, пеналите решаваа кој ќе продолжи во следната рунда. Барди, кој инаку влезе во игра во второто полувреме, биеше во четвртата серија, но и тој промаши како и уште двајца негови соиграчи претходно. Алкојано на крајот со 3:1 по пенал серијата обезбеди место во следната рунда.

ПретходноНајтрофејниот во Франција го смени тренерот
СледноБруклин не го дава врвот на истокот, Кари стана најдобриот тројкаш во историјата (ВИДЕО)