Без Пандев, Џенова славеше во Купот и прекина серија од 14 меча без победа

175

Џенова конечно се израдува на една победа откако вечерва со 1:0 славеше над Салернитана и успеа да се пласира во осминафиналето од Купот на Италија. На домашен терен тимот на Андриј Шевченко славеше со голот на Екубан во 76. минута.

Нашиот Горан Пандев остана на клупата во текот на целиот меч и на крајот можеше само да им честита на своите соиграчи за пласманот во следната рунда.

Ова е прва победа на Џенова по цели 14 меча. Последен пат тимот на Пандев се радуваше во септември оваа година кога славеше во првенствен меч против Калјари.

ПретходноМанчестер С. му нанесе катастрофа на Лидс Ј. каква што не памети во последните 87 години (ВИДЕО)
СледноНајтрофејниот во Франција го смени тренерот