Данска е прв полуфиналист на Светското првенство

117

Ракометарите на Данска сe први полуфиналисти на Мундијалот во Шпанија, откако ја совладаа репрезентацијата на Бразил со 30-25 (14-13).

По деветтипат во историјата, Данска се пласираше во полуфиналето, а за првпат по 2013 година кога данските ракометари освоија бронзен медал. На истото првенство Бразилците станаа светски шампиони, победувајќи ја репрезентацијата на Данска во полуфиналето.

Кај победничките најдобри беа Лаерке Педерсен со шест и Симоне Педерсен со пет гола. Најефикасна на натпреварот беше бразилската репрезентативка Адријана Кардосо со 10 голови.

ПретходноБразилски фудбалер убиен од притивнички играч за време на меч
СледноШтутгарт држеше додека можеше, па на крајот прими пет гола (ВИДЕО)