Удинезе лесно и убедливо славеше над Кротоне (4:0) и се пласира во осминафиналето на Купот на Италија. На стадионот во Удине „црно-белите“ на полувреме имаа предност од 3:0 со головите на Пусето, Де Мајо и Сусес. Во 62. минута Пусето зголеми на 4:0 и тој резултат остана до крајот. Македонскиот интернационалец Илија Несторовски влезе во игра во 64. минута на местото на двојниот стрелец.
Ова е втор меч на Нестор за Удинезе откако се врати на терените по повредата која го оддалечи долго време. Играше 12 минути против Емполи пред една седмица, денеска доби поголема минутажа.
Во осминафиналето се пласира и Венеција која со 3:1 ја победи Тернана. Вечерва Џенова и Пандев ќе се бората за место понатаму против Салернитана.