Поранешниот капитен на Реал Мадрид Серхио Рамос изјави дека ќе даде се од себе за сегашниот клуб Пари Сен Жермен кога двата тима ќе се соочат во осминафиналето на Лигата на шампионите. 35-годишниот Рамос од Мадрид ја следеше ждрепката и изјави дека нема да дозволи да биде воден од емоции.
„Ќе умрам за ПСЖ во дуелите со Реал Мадрид“, коментира Рамос за „Марка“.
„Судбината е непредвидлива. Би сакал да видам друг тим. Знаете колку го сакам Реал Мадрид. Но сега играм за друг тим, ги бранам боите на ПСЖ и ќе дадам се од себе за да поминеме понатаму. Ова е тимот кој ми ја даде довербата и морам да ја оправдам“, додаде Шпанецот.
ПСЖ првично требаше да игра со Манчестер Јунајтед, но ждрепката се повтори па Реал за противник го доби Реал Мадрид.
„Кога влегов во авионот на пат за Мадрид противник ни беше Јунајтед и ми се допадна, но кога стигнав во Мадрид дознав дека имаме друг противник. Искрено не сакав да се соочам со Реал Мадрид, а задоволство ќе ми биде враќањето на „Бернабеу“. Никогаш не успеав да се поздравам со навивачите токму поради пандемијата. Се надевам дека сега ќе го сторам тоа“, изјави Рамос.