Тимот на Струга Трим Лум со голот на Дејан Цветаноски во последните секунди од мечот, успеа да слави со минимални 1:0 над тимот на Ренова, во последниот заостанат натпревар од последното есенско коло во ПМФЛ.
Мечот кој што требаше да се игра викендот поради лошите временски услови и теренот во Струга, се одигра денес, и беше таличен за домашните, кои освоија злато вредни три бода во финишот на есенскиот дел.
Се играше судиското продолжение од мечот кога Дејан Цветаноски искористи еден прекрасен центаршут на подалечниот дирек и убаво шутираше со глава во долмиот десен голманов агол.
Со овој триумф тимот на Струга Трим Лумсе искачи на седмата позиција на табелата со 26. бода, додека Ренова е на делба на петтата со бод повеќе.