Баришиќ: Или нов стадион или Динамо ќе престане да игра во Загреб

1229

Со години тимот на Динамо Загреб, во кој конснатно речиси со децении Македонија има свои интернацоналци во него има проблем со својот стадион популарниот Максимир. Овој легендарен објект на кој сега играат нашите Аријан Адеми односно Стефан Ристовски одамна го одслужи своето и во моментов ни оддалеку не е обкет каков што овој сериозен во Европски рамки клуб заслужува. Впрочем и му е потребен. Со години клубот и градот Загреб се на линија за изградба на нов стадион  но тоа никако да се случи, па во главниот град на Хрватска очигледно на оваа тема „прекипе“. Динамо на пролет ќе ја дочека Севилја во рамкие од елиминационата фаза од Лигата на Европа, па по којзнае кој пат се постави прашањето на нов стадион во Загреб.

„Идејата за нов стадион е прифатена од страна на градот. Ако се седи само и се чека со скрстени раце, Динамо нема да има каде да игра. Максимир нема да е стадионот каде што ќе играме. Ако клубот нема адекватен стадион ќе мора да престане да игра тука. Ние не се откажуваме од нашите цели и планови, туку веќе полека се вртиме кон идејата сами да направиме план за ова и истиот да го реализираме“ – изјави првиот човек на Динамо Загреб, Мирко Баришиќ

ПретходноГвардиола: Одличен пристап, резултатите од лани имаа влијание да одиграме вака (ВИДЕО)
Следно„Вечните“ на сцена: Пелистер и Вардар во битка за полуфинале во Купот на Македонија!