Бруклин не го дава врвот на истокот, Кари стана најдобриот тројкаш во историјата (ВИДЕО)

145

Најсилмата кошаркарска конкуренција на светот, НБА лигата синоќа имаше само три мечеви на програмата. Во нив, актелнот лидер на источната конфереција, тимот на Бруклин Нетс, се намачи но сепак, победи на домашен терен, совладувајќи го тимот на Торонто Репторс со конечни 131:129 по продолжение.

Кевин Дурент го предводеше својот тим со 34 поени, 13 скока и 11 асостенции, однодно со учинот трипл дабл, и е најзаслужен што Бруклин ја забележа 20. победа сезонава. Понего Милс со 30 поени кај победничкиот состав додека кај Торонто најјефикасен Ван Влит со 31. поен.

Ниту лудерот на западот, тимот на Голден Стејс нема намера да се симне од првото место, па така, синоќа „Вориорси“ на гостински терен беа подобри од тимот на Њујорск со конечни 96:105.

Стеф Кари со 22 поени најјефикасен кај Голден Стејт, но тоа е помалку важно во моментов. Најбитен е податокот дека Кари стана најдобриот тројкаш во историјата на НБА лигата со погодени досега 2974 тројки во кариерата. Со ова ги мина досега водечките Реј Ален односно Реџи Милер кој до појавувањето на Кари се сметаа за „мастери“ на шутот за три. И обајцата синоќа беа дел од мечот во Њујорк и го проследија историскиот момент во живо. Џулиус Рендл со 31. кош најјефикасен на целиот меч.

Портланд по продолжението беше подобар од тимот на Феникс со конечни 107:111, додека пак поради Ковид 19 е откажан мечот помеѓу Чикаго и Детроит.

 

ПретходноБарди промаши во пенал-рулетот, Леванте испадна од Купот
СледноБиелса: На овој меч направивме се погрешно