Некогаш го “тресеше“ на Арената, а сега Нестор може ќе игра заедно со Буфон!

1165

Илија Несторовски во зимскиот преоден рок би можел да се пресели во Серија Б, односно во тимот на Парма. Македонскиот репрезентативец откако подолго време беше во „аут“ поради повредата, по враќањето добива сосема мала минутажа во дресот на Удинезе, па затоа можно е да си замине од Удине и да се пресели во Парма. Медиумите во Италија шпекулираат дека клубот од „Енио Тардини“ сериозно е заинтересиран за услугите на Нестор – гол.

Тоа значи дека, ако се случи овој трансфер, Македонецот би можел да биде во ист тим со Џиџи Буфон, кого во 2016 година на мечот Македонија – Италија на Арената, успеа да го совлада.

ФОТО: Ilija Nestorovski Facebook

ПретходноЛуис Хамилтон ја доби титулата витез (ФОТО)
СледноМеси со порака до Агуеро: Многу ме боли!