Пелистер на пенали го „расплака“ Вардар и се пласира во полуфиналето на Купот! (ВИДЕО)

1529

Пелистер е последниот полуфиналист во Купот на Македонија и тоа откако на пенали го победи Вардар со 3:2, и ги израдува домашните фанови. Резултатот по 90.минути беше 0:0, имаше шанси, но не и голови.

Потоа следуваше пенал серијата во која за Пелистер погодија Јусуф, Бериша и Маневски, Вецевски не реализираше, додека Вардар добро почна, погодија Петковски и Ристески, но следуваа три промашувања и тоа на Глишиќ, Стојковски и Блажевски и со тоа заврши сонот на Вардар дека ќе се најде во завршницата на Купот на Македонија.

Треба да се истакне домашниот голман Трајчевски, кој беше одличен во пенал – серија на овој последен четвртфинален меч во Купот на Македонија. Токму тој е херојот на Пелистер.

Па така Пелистер се најде во друштво на Струга ТЛ, Силекс и Македонија ЃП по полуфиналето во Купот на Македонија.

Вардар со офанзива и со шанса уште на стартот, подобро го отвори мечот. Николов беше во можност, но не успеа да реализира за водство на Вардар. Во 9.минута Филип Петковски исто беше во шанса, но и тој не ја затресе домашната мрежа. Глишиќ ја имаше третата прилика, сепак неговиот удар заврши во пречката на домашните. Следуваше ослободување од притисокот на домашните кои преку Драгарски во два наврати имаа шанси да поведат. Имаше и Здравески во 30.минута, но голманот на Вардар Стојковски одлично одбрани.

Последната шанса во првиот дел ја имаше Вардар преку Наумовски, но сега домашниот голман Трајчевски беше на своето место.

ВАРДАР НЕШТО ПООФАНЗИВЕН…

Очигледна беше намерата на Вардар, со офанзивна игра да дојде до водство “Под Тумбе Кафе“. Повторно Петковски имаше добра можност, но голови немаше. Пелистер се определи да се брани, контрите како да беа желбите на домашните. Вардар се обидуваше нешто да стори, повторно Петковски имаше полушанса, но релативно мирно беше, како никиој да не сакаше да ризикува.

Како ова да беше тактичко надмудрување.

Немаше голови по тие 90 минути плус продолженија, па затоа победникот беше решен на пенали.

 

ПретходноНа сите им е преку глава од играчи кои одбиваат да се вакцинираат, истите ќе бидат казнети!
СледноВлегол само да уплати спортска, а завршил со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ од речиси 10 милиони денари