Баделки пред историја во ВАБА лига

220

Екипата на Бадел 1862 вечерва (20 часот) на домашен терен го пречекува Партизан во историскиот меч оваа сезона во ВАБА лигата. Победа за македонскиот вицепрвак ќе значи пласман во Супер-лигата, прв голем успех во ова натпреварување.

Кошаркарките на Бадел ја добија првата битка со Партизан и тоа на гостински терен, па сега останува на домашен терен да ја повторат истата игра и да направат голем чекор.

„Исправени сме пред голем предизвик, победа на натпреварот со Партизан, и пласман во Супер лигата, со што би направиле историски исчекор на нашиот клуб и македонската кошарка. Но секако тоа ќе биде многу тешко, ако се земе предвид исцрпувачкиот ритам на натпревари, среда-сабота-среда, за неполни дваипол месеца имаме одиграно 20 натпревари, и долги патувања со поминати над 8000 километри, што секако придонесе за замор на кошаркарките и полесни повреди. Играме со млада, многу талентирана, и  до крајни граници агресивна екипа, предводена од искусниот и квалитетен тренер Ивиќ, која на сите досегашни натпревари во лигата во поголемиот дел од натпреварите беше рамноправен противник, и поради неискуството ги губеше натпреварите најчесто во четвртата четвртина. Но убеден сум дека нашите девојки ќе го стават срцето на терен, и со една дисциплинирана и концентрирана игра ќе дојдеме до толку посакуваната победа. Нека победи подобрата и посреќна екипа“, изјави тренерот Перо Стамески.

Пренос од овој меч ќе има на МРТ.

ПретходноПолувреме во Битола: “Вечните“ со многу шанси, но мрежите мируваат…
Следно„Лавот“ Сефер Емини пред потпис со Шкендија, желбата е и враќање на Тотре и Хасани!