Барселона во зимскиот преоден рок сака да ги реши проблемите кои ги има во нападот и да ја заголеми конкуренцијата на оваа позиција. Играчот кој одговара на овој профил и барања на каталонскиот гигант е Едисон Кавани.
Според последните информации има интерес и од страна на фудбалерот, но проблем е неговата желба, поточно условите кои ги поставил.
Добро е познато дека во Барселона имаат проблем со финансиската моќ, но Кавани би можел да дојде со прифатлива цена. Тој со Јунајтед има договор до крајот нас езоната, има мала минутажа и се мачи се повредите. Договорот меѓу двата клуба не треба да биде проблем, но каталонскиот гигант мора да го исполни неговото барање. Раководството на клубот сака да го донесе до крајот на сезоната, додека Кавани, сака договор и за следната сезона, неговата желба е подготвен да го дочека Светското првенство во Катар.
Останува да видиме дали двете страни ќе најдат заеднички решение или Чави ќе мора да бара нова опција.