„Вечните“ на сцена: Пелистер и Вардар во битка за полуфинале во Купот на Македонија!

280

Денеска во спортска Македонија се е во знакот на дуелите во Битола меѓу Пелистер и Вардар. Прво оној фудбалскиот „Под Тумбе Кафе“ од 13 часот во четвртфиналето во Купот на Македонија, а потоа вечерва следува и ракометното дерби меѓу „вечните“ ривали.

Требаше да се игра на 1 декември, но поради временските услови и лошиот терен „Под Тумбе Кафе“ во Битола, тој меч беше презакажан за денеска. Токму овој меч ќе решава кој ќе биде последниот патник во полуфиналето каде што се уште Струга Трим Лум, Силекс и Македонија ЃП.

Фактот дека Пелистер е последен на табелата во ПМФЛ, а Вардар дури трет во ВМФЛ – ЗАПАД, не ја намалува атрактивноста на овие мечеви, на овие битки меѓу Пелистер и Вардар. Токму затоа и нема фаворити и аутсајдери кога играат меѓусебе овие две екипи, посебно не во Битола под “Тумбе Кафе“. Традицијата вели дека Пелистер и Вардар досега одиграле 54 натпреври, Пелистер победил на 9, Вардар на 31 од нив, а на 14 немало победник. Гол разликата е 47:78 во корист на Вардар. Сепак треба да се каже дека на последните пет меѓусебни мечеви Вардар нема победа,а последен пат „црвено – црните“ успеале да слават пред четири години.

Сепак бројките настрана, денеска се бие битка за пласман во полуфиналето во Купот на Македонија. Денеска Битола е на нозе, доаѓа лутиот ривал, доаѓа Вардар.

Само да потсетиме. Во случај на нерешен резултат по 90 минути,нема да има продолженија, веднаш ќе се изведуваат пенали.

ПретходноБаришиќ: Или нов стадион или Динамо ќе престане да игра во Загреб
СледноРоберто Пиколи е најдобар млад играч во Италија