Влегол само да уплати спортска, а завршил со СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ од речиси 10 милиони денари

381

Ако некој не верува дека сè е можно и дека среќата може да се крие зад секој нареден миг од животот, тука е најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ да го покаже спротивното со својата приказна. Без да очекува или да се надева тој стана сопственик, без малку, на 10 милиони денари.

Велат случајности не постојат и сè се случува со причина. Најновата потврда на оваа теза е 16-от  СУПЕР МИЛИОНЕР на Видеолотарија Касинос Австрија. Највредната џек пот добивка во земјава,  му овозможи да освои 9.636.874 денари.

Добитникот е од Скопје, неговото среќно место е Златна копачка во населбата Капиштец и иако реши да остане анонимен, ни ја раскажа својата приказна.

„Јас отидов таму за да уплатам спортска, имаше неколку луѓе кои чекаа на шалтерот, па додека чекам, решив да играм на видеолотариските терминали. Ни очекував нешто, ни се надевав, кога во еден момент се појави добитниот ваучер. Помислив дека е некој бонус, не сфатив прво што е. Потоа гледам вработените и останатите луѓе околу мене како изреагираа и сфатив дека јас сум добитникот. Уште не ми се верува, во шок сум. Ќе видиме како ќе ги искористиме парите, но како и да е, дефинитивно ќе бидат убав почеток на новата година“, изјави нашиот добитник, притоа потенцирајќи дека негова среќна игра била „20 super hot“.

Добивката СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ  вредна од 8.000.000 до 12.000.000 денари се постигнува со учество на ВЛТ игрите на среќа.

 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

ПретходноПелистер на пенали го „расплака“ Вардар и се пласира во полуфиналето на Купот! (ВИДЕО)
СледноЗелена радост “Под Тумбе Кафе“, Трајчевски е херојот… (ФОТОГАЛЕРИЈА)