Грците најавуваат: Дарко Велковски прави трансфер во АЕК!

772

Дарко Велковски уште во јануари би можел да направи трансфер во АЕК, во еден од најголемите клубови во Грција. Македонскиот репрезентативен стопер и член на Ријека, се најавува како големо засилување во тимот од Атина. А дека работата е сериозна, доказ е и тоа дека Велковски го има на насловните страници на спортските весници кај нашиот јужен сосед.

Да се потсетиме дека минатото лето Велковски беше споменуван со можен трансфер во Панатинаикос, исто еден од гршките гиганти од Атина, но до тој трансфер не дојде, барем не во тој момент.

Инаку АЕК е клуб каде што некогаш играше Македонецот Тони Савевски и остави длабока трага. Стана клупска легенда. Во периодот од 1988 година па се до 2001, Савевски одигра 357 натпревари за АЕК и постигна 51 гол.

Претходно„Комити“ со порака: Вардар ги собра Битолчани на едно место…се спомнаа и сестрите! (ФОТО)
СледноРистовски со гол за Динамо на гостувањето во Истра (видео)