Вчера во последниот меч од есенскиот дел во сезоната 2021/22 во ПМФЛ меѓу Струга Трим Лум и Ренова во таа 90+3.минута резултатот беше 0:0. И двете екипи како да се помирија со фактот дека ќе освојат само по бод.
Сепак, така не мислеше Дејан Цветаноски, искусниот напаѓач на стружани, кој во игра влезе само 7-8 минути претходно. Влезе да го реши победникот, да му донесе на својот тим екстра важна победа, и во тоа успеа.
„Не можам да кажам дека имав некое чувство дека ќе дадам гол за победа. Едноставно влегов во игра со намера да ако дојдам до шанса истата максимално да ја искористам. Така и беше, по нафрлувањето на Цаке се најдов на вистинско место во во вистински момент и ете, успеав да постигнам гол за победа против силната Ренова. Ова за Струга беше важна победа, но за мене овој гол е нешто посебно. По здравствените проблеми кои ги имав во последните месеци се вратив на најдобар можен начин. Секако дека сум пресреќен“ изјави за „Спортмедиа“ херојот на Струга Трим Лум на вчерашниот меч со Ренова.