Откако заврши ерата на Оскар Табарез, и откако Марсело Гаљардо не ја прифати понудата, челниците на Фудбалската федерација на Уругвај, одлучија за нов селектор да го постават Диего Алонсо.
Алонсо можеби не е доволно познат на европската јавност, но како тренер работел во Интер Мајами на Дејвид Бекам, потоа Пењарол, Олимпија од Парагвај, како и Пачука и Монтереј од Мексико.
Има 46 години а ќе дебитира на 27 јануари на квалификацискиот натпревар за СП против Парагвај.
Да потсетиме дека во минатите 15 години предводник на селекцијата на Уругвај беше Оскар Табарез.
ФОТО: Twitter