ИОК донесе одлука: Боксот и кревањето тегови повеќе нема да бидат на Олимпијадите!?

165

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) донесе конечна одлука за отстранување на три класични спортски дисциплини од олимписката програма за Игрите во Лос Анџелес во 2028 година. Кревањето тегови, боксот и модерниот петобој веќе нема да бидат дел од најголемиот светски спортски настан, а истите се заменети со скејтборд, сурфање и спортско качување, кои беа дел и од Игрите ова лето во Токио.

Одлуката за отстранување на три од главните столбови над кои е градена Олимпијадата е донесена по виртуелниот состанок на ИОК, кој се одржа во последните три дена.

„Одлуката за воведување на овие три спорта фокусирани на младите беше донесена по нивниот сериозен успех во Токио 2020 година, посветеноста на иновациите изразена од организаторите на Лос Анџелес 2028 година, како и сериозниот интерес и длабоките корени што ги имаат во Калифорнија“, објасни Томас Бах, претседател на ИОК.

Кревањето тегови е дел од олимписките спортови од првото издание на модерните Олимписки Игри во Атина 1896 година, а боксот и модерниот петобој се вклучени во програмата на Игрите во 1912 година во Стокхолм.

ПретходноУ21: Утре тестираме против Косово
СледноЛуис Хамилтон ја доби титулата витез (ФОТО)