Како што дознава „Спортмедиа“, Сефер Емини еден од најдобрите млади играчи во ПМФЛ и член на Македонија ЃП е на најдобар пат да направи трансфер во редовите на Шкендија. Со играчот за врска раководството на актуелниот шампион веќе е во завршни преговори, останува само да се изјасни Македонија ЃП и секако тимот на Акрон Тољати од Русија, со оглед на тоа дека Емини е под договор со рускиот клуб, а во Ѓорче игра како позајмен играч.
Исто така дознаваме дека Шкендија, покрај трансферот на Сефер Емини, има желба да ги врати Енур Тотре и Ферхан Буба Хасани. Можеби ова звучи неверојатно, посебно за Тотре кој сега е член на Тирана ако се знае на кој начин тој си замина од Тетово, но кога е во прашање Шкендија се чини дека се е можно.