Битолскиот состав на првиот меч во „балонот“ во Сараево не успеа да дојде до втора победа во АБА 2-лига. Кошаркарите на Пелистер имаа убава шанса против Широки, но не ја искористија.
Патот кон горните места на табелата станува уште потежок, македонскиот тим вечерва (21 часот) за противник ќе го има едниствениот непоразен состав по пет одиграни кола. Станува збор за Борац Бања Лука, кој го држи врвот на табелата.
Во минатото коло не беше убедлив против Рогашка, момент кој им влева дополнително верба на избраниците на Марјан Илиевски дека сепак можат да се надеваат на голем триумф и да стават крај на лошата серија во второтолигашкото јадранско натпреварување.
Пелистер го дели 12. место на табелата со Рогашка, двата тима имаат скор од една победа и четири порази, послаби од нив е само Осијек, кој нема ниту една победа.