Легендарниот Серхио Кун Агуеро денеска и официјално ја прекина својата фудбалска кариера, и тоа поради здравствени проблеми. Тој на пресот кој го оргнизираше Барселона, изјави дека здравјето е пред се.
Инаку познато е дека негов најдобар пријател меѓу фудбалерите е Лео Меси. Пред неколку месеци и двајцата планираа заедно да одиграат барем една сезона во Барса, но прво Меси си замина во ПСЖ, а еве и Агуеро објави крај на играчката кариера.
По тој повод на своите социјални мрежи се огласи и самиот Меси…
“Многу ме боли начинот на кој си заминуваш од фудбалот, го напушташ она што најмногу го сакаш. Ти посакувам се најубаво во следните предизвици. Те сакам како пријател и многу ќе ми недостигаш во репрезентацијата на Аргентина“ напиша покрај другото капитенот на селекцијата на Аргентина и член на ПСЖ.
ФОТО: Twitter