На сите им е преку глава од играчи кои одбиваат да се вакцинираат, истите ќе бидат казнети!

350

Клубовите во Премиер-лигата размислуваат да им ја намалат платата на играчите кои мораат во самоизолција бидејчи одбиваат да се вакцинираат поради Ковид-19, открива Daily Mail во својата анализа по паниката откако голем број на играчи се заразија.

Овој медиум потсетува на потегот на Баерн Минхен кога минатиот месец им ги намали примањата на своите играчи кои пропуштија тренинзи и мечеви откако беа во контакт со заразени лица, а се немаат вакцинирано. Сега англиските клубови прверуваат дали можат да постапат на ист начин како Баерн. сепак тоа да биде правно издржано.

Во соблекувалните се зголемува притисокот, бидејќи вакцинираните играчи сметаат дека оние кои и натаму одбиваат да се заштитат ги ставаат под голем ризик. Исто така проблем е самоизолацијата, минатата сезона еден фудбал кој е лидер во тимот морал четири пати да биде надвор од тимот.

Проблеми со тренинзите имаат и клубовите бидејќи невакцинираните играчи и покрај негативниот тест мора да бидат изолирани доколку биле во контакт со заразено лице, па еден клуб во моментов има само седум првотимци кои тренираат.

“Тоа е чиста себичност. На играчите и тренерите им е доста од тоа, доколку натпреварите се откажат или се играат без публика, и на навивачите ќе им биде доста. И со право”, изјавил неименуван функционер, цитиран од агенциите.

ПретходноШоу на “Чкембари“: Зелената армија со вас… (ВИДЕО)
СледноПелистер на пенали го „расплака“ Вардар и се пласира во полуфиналето на Купот! (ВИДЕО)