Серхио Кун Агуеро и официјално веќе нема да игра фудбал. Тој денеска на официјалната прес конференција, која ја организираше Барселона, и официјално се прости од фудбалот и замина во пензија.
Познато е и зошто. Здравствените проблеми не му дозволија на легендарниот Аргентинец да го одработи договорот со Барса, во која дојде во летниот преоден рок од Манчестер Сити каде долго, долго време беше меѓу најдобрите и стана клупска икона.
Репрезентативец на Аргентина, пријател не Меси, легенда, која на фудбалските фанови ќе им недостига.
Во својата кариера постигна повеќе од 400 голови и освои 21 трофеј.
“Сакам да ве информирам дека одлучив да престанам да игра професионален фудбал.Ова се тешки моменти за мене, но сепак задоволен сум од одлуката која ја донесов.Моето здравје е на прво место поради проблемите кои ги имав пред еден месец“ рече низ солзи Агуеро.
“It’s a very difficult moment … it’s for my health.”
— @aguerosergiokun pic.twitter.com/DYBjqqSQf2
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 15, 2021