Интересно прво полувреме во салата „Боро Чурлевски“, како што доликува на една пресметка меѓу двата најдобри тимови во Супер-лигата. Е.Пелистер на одморот има негатива од гола, Вардар засега е подобар на теренот иако на трибините „Комити“ пристигнаа во последната минута, беа без нивната поддршка.
До средината беше изедначено, водството се менуваше. Гаџа, Моралес и Талески се главните лидери во составот на актуелниот македонски првак. За разлика од домаќинот, кој засега нема помош од голманите, на другата страна Борко Ристовски во вистинско време ги запиѓа своите интервенции.
По 7-7, Вардар со серија од два гола и тоа во изведба на Тото поведе со 7-9, момент по кој Бабиж повика тајм-аут. Не помогна ниту промената на голот кај Е.Пелистер, излезе Секељи, влезе Кизиќ.
Со серија од 3-0, актуелниот македонски првак поведе со 9-12 во 20. минута, оваа позитива умешно ја одржуваше, имаше шанса да поведе и со плус пет, но не го искористи нападот.
Ова им успеа во 27. минута, расположениот Гаџа со шестиот погодок заголеми на 12-17. Бабиќ повика тајм-аут, втор на оваа средба, не помогна ниту тоа, Вардар пак не искористи нова шанса, овој пат за плус шест. На одморот е 13-17.
Гаџа има шест гола, Тото еден помалку, на другата страна Мандалиниќ и Обрадовиќ имаат три гола.