Полувреме во Битола: “Вечните“ со многу шанси, но мрежите мируваат…

268

Заврши првото полувреме во Битола, каде во четвртфиналето во Купот на Македонија играат Пелистер и Вардар. Добар, интересен меч со многу шанси на двете страни, но на пауза се замина со резултат 0:0.

Вардар подобро го отвори мечот, веќе во првиот напад Николов имаше одлична шанса, потоа следуваше и шансата на Петковски. Нешто подоцна Глишиќ ја погоди пречката на домашните. Пелистер возврати со двете шанси на Драгарски, за да во 30.минута Здравевски можеше да го совлада голманот на гостите Стојкоски. Во 38.минута Наумовски имаше зицер, но домашниот голман Трајчевски одлично одбрани.

ПретходноТотенхем е фаворит за потписот на Инсиње
СледноБаделки пред историја во ВАБА лига