Пројковска утре ќе ја дели правдата на мечот Реал – Харков во ЛШ!

842

Македонска женска судиска четворка, на чело со Ива Пројковска, ќе ја дели правдата на мечот од Лигата на Шампионите во женска конкуренција меѓу Реал Мадрид и Харков од Украина. Овој натпревар се игра утре во Мадрид на стадионот „Алфредо Ди Стефано“. Нејзе ќе и помагаат Војлца Изеири, Елена Соклеска – Илиевска и Ирена Велевачкоска. Ова е уште едно големо признание за Пројковска која во последно време, заедно со своите колешки, има постојан ангажман и во Европа.

Додека кај нас се сеќаваме дека оваа судиска ја судеше средбата во Кратово меѓу Силекс и Тетекс од 14.коло во ВМФЛ – ЗАПАД.

ПретходноМеси со порака до Агуеро: Многу ме боли!
СледноДејан Цветаноски: Гол кој многу значи за мене, но и за Струга ТЛ!