Ришарлисон паузира еден месец

97

Проблеми за тимот на Евертон. Нивниот веројатно најдобар играч, Ришарлисон ќе мора да паузира еден месец поради руптура на мускулот, повреда со која се здоби на мечот против Кристал Палас.

Ова не е единствен проблем за менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез пред мечот против Челзи утре. Нема да може да смета ниту на Таузенд ниту пак на Колман исто така поради повреди.

Евертон е на 14. место на табелата во Премиер-лигата со пет победи, три ремија и осум порази, додека пак Челзи е трет со 36 бода.

ПретходноФутсал: Македонија и Црна Гора одиграа реми на првиот меч
СледноТИМ НА 18.КОЛО: Адетунџи стави “печат“ на блескавата есен на Шкупи!