Сандеј Адетунџи просто „експлодира“ оваа есен во нападот на Шкупи. Нигериецот се изнадава голови, кои и тоа како беа потребни за првото место на чаирчани оваа есенска полусезона. Па така тој во последното есенско коло во Велес, со два гола стави „печат“ на блескавата есен на својот тим, кој заврши како прв.
Токму затоа според “Спортмедиа“, Адетунџи е играчот на 18.коло во ПМФЛ. Покрај него од Шкупи тука е и Владица Брдаровски. Пелистер загуби од А. Пандев, но голманот Трајчевски ги спаси битолчани од резултатска катастрофа, вака беше само 1:0 за струмичани. Токму тој гол беше дело на Бихорац. Во одбраната се и Манев од Брегалница и Цаке од Струга ТЛ. Првиот постигна гол во Кавадарци, додека вториот асистираше за победнички гол на својот тим, стрелец беше Цветаноски кој е исто е во тимот на колото. Да кажеме дека покрај Манев од Брегалница, во тимот на колото е и Ескиќ. Гури од Шкендија одново стрела, а Воша и Адем беа инспиратори на победата на Македонија ЃП против Работнички.
ИГРАЧ НА КОЛО
САНДЕЈ АДЕТУНЏИ
Тим: Шкупи
Роден: 10.12.1997 во Нигерија
Кариера: Енуимба, Абиа Вориорс, Лоби Старс (Нигерија), Прибрам (Чешка), Платеу Јунајтед, Риверс Јунајтед (Нигерија), Шкупи