Утринава медиуимите во Турција најавуваат дека Езџјан Алиоски, еден од нашите најдобри фудбалери би можел во зимскиот преоден рок да го засили Трабзонспор, еден од гигантите во таа земја. Се напоменува дека се бара офанзивен лев бек и дека Алиоски е најдобриот избор. Инаку Ал Ахли, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец бара 2,5 милиони евра за отштета, додека Трабзонспор посакува за 1,5 милион да го откупи договорот на Џани со клубот од С. Арабија.
Интересно е тоа што пред да замине во Ал Ахли, Алиоски долго време беше посочуван како засилување за Трабзон, но тогаш Џани се одлучи да замине во С. Арабија. Дали сега е време за негово враќање, остнува да се види.
Инаку по Алиоски и дефинитивно тргнува и Верона. Пред неколку дена се шпекулираше дека Џани е на “радарот“ на тимот од Серија А, но ново е што веќе Верона се решила да испрати понуда со цел во јануари да го засили својот тим.