Репрезентацијата на Франција е последниот патник во четвртфиналето на Светското ракометно првенство. „Триколорките“ ја совладаа Шведска со 31:26. Швеѓанките добро се држеа но паднаа во второто полувреме. Хагман постигна 9 гола, а Блом 6, додека кај Французинките најефикасни беа Флипс, Ласорс и Тублан со по 4 гола.
Па така формирани се полуфиналните парови. На 17 декември играат Франција и Данска додека Норвешка ќе се соочи со домаќинот Шпанија.