Арсенал го „среди“ Вест Хем (видео)

264

Денеска се одиграа три натпревари од 17. коло на Премиер лигата, а најинтересниот се играше на „Емирати“ каде Арсенал го пречека Вест Хем. „Топчиите“ победија со 2:0. Прво поведоа со гол на Мартинели на стартот на второто полувреме.

Имаа момците на Артета можност да зголемат на два разлика во 68 минута од пенал, но од белата точка промаши Лаказет. Претходно Куфрал направи прекршок за 11 метри и притоа доби црвен картон.

Во финишот на мечот Емил Смит Роув го постави конечниот резултат.

Арсенал ја забележа деветтата победа и се искачи на четвртото место, додека Вест Хем го впиша петтиот пораз и падна едно место подоле.

На другите натпревари: Кристал Палас – Саутемптон 2:2, Брајтон – Вулверхемптон 0:1.

ГОЛОТ НА МАРТИНЕЛИ ОВДЕ

ГОЛОТ НА СМИТ РОУВ ОВДЕ

ПретходноДесеткуваниот Пелистер не можеше да издржи против најсилниот во АБА 2
СледноУште една ракометарка исчезна на Мундијалот