Вирус ги покоси ТФТ и ФМП Академија, БИБЛ ги одложи натпреварите

163

Регионалната кошаркарска БИБЛ лига денеска потврди дека ги одложува следните два меча на нашите преставници во натпреварувањето, ТФТ и ФМП Академија. ТФТ денеска требаше да игра со Ибар Рожаје, додека ФМП Академија синоќа со пола тим играа и загубија од Левски, а за само пет дена требаше да играат со Макаби Хаифа.

Сепак, откако по два дена по меѓусебниот дуел кој овие два тима го имаа во рамките на десеттото коло од Првата македонска кошаркарска лига, повеќе од десет кошаркари и членови на стручните штабови на двата клуба се покосени од вирус.

Иако имаат симптоми на Ковид-19, двата теста кои ги направиле сите заразени биле негативни.

ПретходноЗелена радост “Под Тумбе Кафе“, Трајчевски е херојот… (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМенаџерот Вељковиќ откри како наместил меч за Андерлехт да стане шампион